речник контакт

Балетското студио „Анабела“ со успешен настап на меѓународен натпревар во Ниш

Членовите на балетското студио Анабела се вратија од Ниш со освоени 8 први, едно второ и едно трето место

Петар Печков

Членовите на балетското студио Анабела имаа исклучително успешен настап во Ниш-  Србија. Викендов во спортскиот центар Мика Антиќ се одржа Меѓународниот натпревар Balkan Dance Unity.

Учество зедоа балерини од различна возраст, во групна и соло категорија. Членовите на балетското студио Анабела се вратија од Ниш со освоени 8 први, едно второ и едно трето место.

Танцовите натпревари со физичко присуство се одржуваат по две годишна пауза поради корона кризата.

Пред две недели балерините од балетското студио Анабела се закитија и со 7 први, 3 втори и 1 трето место на Artist hub dance competition што се одржа во Струмица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »