речник контакт

Балканот ги зајакнува врските меѓу збратимените градови

Договорите меѓу збратимените градови може да бидат од голема полза во смисла на економскиот развој и регионалната соработка во земјите меѓу Балканот.

Петар Печков

Турските општини воспоставуваат збратимени односи со своите колеги на Балканот, како заложба на двете страни за поттикнување на економските, културните, образовните, меѓучовечките односи, заради зајакнување на взаемното разбирање и соработка.

Откако Измир го потпиша првиот договор за збратимени градови на Турција со Мелбурн, Австралија, во 1992 година, бројот на договори драстично се зголеми на скоро 1.000, од кои многу беа потпишани во изминатите пет години.
Турските општини имаат договори со градови од скоро целиот свет, но географските, културните и историските врски со Балканот доведоа до тоа многу општини во Турција да потпишат многу договори со балканските земји и членките на ЕУ.

Бугарија се наоѓа на врвот на листата, со повеќе од 90 договори со турските општини, по што следи Германија (67), Грција (64), Босна и Херцеговина (БиХ) (52) и Македонија (30).

Пламен Ралчев, доцент на Универзитетот за национална и светска економија во Софија, вели дека односите меѓу збратимените градови даваат неопипливи, но витални можности за меѓучовечка комуникација, взаемно разбирање, градење на довербата, како и „мудри исходи на политиката“.
„Трајната доверба и искуство од заедничкото работење на заеднички проекти прават сплет на околности во кој заедничките идеи создаваат заедничка иднина. Отворањето можности за широка јавна комуникација не само што го подобрува дијалогот и разбирањето, туку може и да донесе поголеми економски и политички бенефиции и предности“, рече Ралчев заSETimes.

Општина Текирдаг во регионот Мармара во Турција има осум договори за збратимени градови, вклучително и со Техиргол во Романија, Карџали и Сливен во Бугарија, како и Кавала и Комотини во Грција.

Збратимените градови организираат заеднички фестивали и други програми на размена, на кои учествуваат уметници, новинари, бизнис водачи, граѓани и јавни претставници.
„Нашиот однос со збратимените градови има за цел размена на идеи во секој момент на животот, зајакнување на пријателството, како и развивање на наша заедничка историја, како и билатерални туристички можности“, рече за SETimesНурџан Илдиз, менаџер за односи со медиумите и јавноста на општина Текирдаг.

Благодарение на фестивалите што ги организираме најдовме плодна почва да учиме за традициите на другите, како и начин да правиме други работи. Сите делиме заедничка балканска географија и ваквите иницијативи на збратимени градови служат за зајакнување на ваквите врски“, рече Илдиз.

Градот Сливен во Бугарија има збратимени односи со 11 општиник, вклучително и Текирдаг.
Светомир Минчев, шеф на Одделот за јавни односи и меѓународна соработка во општина Сливен, рече дека географската близина на Сливен и Текирдаг овозможува чести контакти, како и аспирациите на Турција за членство во ЕУ.

Градоначалниците на двата збратимени градови, исто така, се шефови на две регионални организации во Тракија. Градоначалникот на Сливен, Кољо Милев, е претседател на Тракиското регионално здружение на општини, додека градоначалникот на Текирдаг, Адем Далгиќ, претседава со Тракјакент, иста таква структура на општини во европскиот дел на Турција.

Минчев рече дека одличните односи меѓу двата градоначалници го отворија патот за контакти не само меѓу двата града, туку и меѓу регионалните организации во Тракија.

Прекуграничните и инвестициските проекти и културната размена се сега на агендата. Двете страни сакаат да ги мобилизираат своите општински ресурси и финансиите што се на располагање со програмите на ЕУ за спроведување заеднички проекти во регионот“, рече Минчев.
Турција и Романија ги унапредија односите на ниво на стратешко партнерство минатата година, а договорите за збратимени градови помогнаа да се продлабочи нивото на соработка.

Турскиот амбасадор во Букурешт, Омур Солендил, рече дека извонредните билатерални односи на владино ниво се одразени и во соработката меѓу локалните власти.
„Веруваме дека договорите за збратимени градови помагаат во промовирањето на прекуграничните проекти од взаемна корист, како и за зајакнување на културната и социјалната размена“, рече Солендил заSETimes.

Барлад, во Романија, и Селџуклу, во Турција, се збратимени градови чија приказна говори за успехот и потенцијалната полза од договорите за збратимени градови.

Многумина во Барлад ги гледаат блиските односи со Селџуклу низ политичката призма, откако турското претпријатие Комбасан ја купи во 2000 година локалната фабрика за лагери, најголемиот работодавач во градот од 70.000 луѓе.
По инвестиција од 120 милиони долари во последниве 12 години, фабриката имаше обрт од околу 100 милиони американски долари минатата година. Производителот на лежишта, исто така, има вработено 2.400 луѓе, што го прави еден од најголемите работодавачи во Источна Романија, регион кој има голем недостиг на странски инвестиции.
„Тие го вратија во живот економскиот мотор на градот во време кога фабриките се затвораа една по друга“, рече за SETimesДаниел Влад, 37-годишен жител.

Никој не можеше да замисли една ваква приказна за економски успех во овој мал град. Повеќето од нас отсекогаш имаа претстава за Турција само преку историјата. Добро е да се види Турција сега и како економски освојувач“, рече тој шеговито.

 текстот е преземен од Southeast European Times

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »