речник контакт

Барби доби конкуренција во Монстер хај

Барби, долговечната кралица која владее во светот на куклите, одеднаш е вовлечена во борба за својот живот.Куклите Монстер хај се вамп тинејџерки кои изгледаат како деца на чудовиштата

Петар Печков

 Конкурентките на Барби не изгледаат воопшто како синооки, русокоси, долгоноги модни икони. И ги немаат истите старински стандарди за убавина како и старата дива.

Куклите Монстер хај (или девојките од средното училиште за чудовишта) се вамп тинејџерки кои изгледаат како деца на чудовиштата, како што се Дракула или Франкенштајн, и имаат неонско розови и зелени прамени во косите. Тие носат чевли со потпетици и мини здолништа со дезени од мртовечки глави. А куклите кои се појавија под имињата како Дракулаура или Ик Еби Боминејбл, веќе ја добиваат битката против Барби.

На пример, во семејството Мадакс во Портаж, Висконсин, 10-годишната Оливија си игра со Барби веќе шест или седум години. Но таа ги вклучила во играта и куклите Монстер хај.

„Ја гледам Оливија и некои нејзниите другарки, и гледам дека ја надраснуваат Барби“, вели Лиза Медокс, мајка и на Оливија, 42-годишна фриленс писателка.

Тоа што Барби го губи тлото под нозете не е за изненадување. Откако дебитираше во 1959 година, како прва модна кукла, Барби долго време беше светилник за контроверзности и за конкуренцијата.

Да разјасниме, Барби е се уште број 1 на пазарот на кукли. А франшизата на Мател се проценува на 1,3 милијарди долари годишно во продажба. Но продажбата на Барби веќе четири квартали по ред опаѓа, дури и кога продажбата на кукли во странство годинава до денес е во пораст од шест проценти, стои во истражувањата на групацијата НДП.

Во меѓувреме, Монстер хај, кои исто ги произведува Мател, станаа бренд кукли број 2 за само три години, со приход од продажба од повеќе од 500 милиони долари годишно, вели Герик Џонсон од БМО капитал маркетс.

Како прилог на конкуренцијата од Монстер Хај, Барби треба да се брани и од се погласната критика заради нејзиното нереално пропорцијално тело. Кога 54-години старата кукла со текот на годините порасна од пинап девојка до разновидна палета на карактери, меѓу кои и астронаути, инженери и принцези, новите натрапнички продолжуваат да ја исмеваат висината на 29 саниметри високата кукла како невозможно развиена во градите, а претенка во струкот.

Куклите Монстер хај, иако се премногу слаби, имаат панк-рок изглед, со кој постои намера да се испрати порака дека да се биде поинаков е ОК. И тие се наменети за малку повозрасни деца - заради нивниот изглед - истовремено додека опаѓа продажбата на Барби помеѓу се помладата публика. На крајот на краиштата, ниту едно дете повеќе не сака да си игра со нешто кое се смета за бебешка играчка.

Последниот пат кога Барби беше во немилост, беше пред 12 години, откако по една година како слаба конкуренција, куклите Брац со напупени усни станаа лудо познати и ја свртет продажбата на Барби во надолна спирала. Тие носеа фармерки ниски на колкот, дебела шминка и си ги покажуваа папоците. И изгледаа пострастно отколку самите Барби кукли. Но славата на Брац исчезна во 2005 година.

Експерти во оваа индустрија велат дека е потребно многу за Барби да се детронизира.

„Таа е се уште една од најсилните брендови во оваа индустрија“, вели Шон Мекгоан, аналитичар за играчки во Неедем и Ко.

 текстот е преземен од Колорадо газет спрингс

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »