речник контакт

Без пораз фудбалерите на Борец на пат кон Втората лига

Успешна полусезона со 13 победи и две нерешени средби а тренерот Димитровски очекува пролетната полуетапа да биде потешкиот дел од првенството на Третата лига југ.

Петар Печков

Фудбалерите на Борец од Велес се есенски прваци во Третата лига Југ и се на пат да се пласираат во Втората лига, попатна станица кон крајната цел, за неколку години повторно прволигаши. Велешкиот клуб 15-те кола во ова ниско квалитетно друштво, на македонскиот фудбал, одигра сигурно и има само две нерешени средби со гол разлика од 49:7 и 41 бод, девет повеќе од второпласираниот. Тренерот Кочо Димитровски разбирливо е задоволен од резултатот, но смета дека во пролетниот дел ќе биде потешко.

Имаме успешна полусезона со 13 победи и две нерешени средби. Тоа е за почит, бидејќи имавме екипа која е млада и состав кој се уигруваше во текот на првенството. Имавме нов состав, нови 16-17 фудбалери кои требаше да се пронајдат  и вкомпонира во екипата. Сигурно дека пролетниот дел  од првенството ќе биде потежок, тоа пракса го покажала години наназад. Сите ќе имаа мотив повеќе против нас да одиграат. Затоа во оваа пауза очекувам да се засилиме на неколку позиции, оти не влегуваме директно во Втора лига, се игра бараж. Предност е што ќе бидеме повеќе уиграни, оти фудбалерите се запознаваа оваа есен – вели Димитровски.  

Добрите резултати и добрите игри ја вратија публиката на Градски во Велес, на  натпреварите од овој ранг имаше по две илјади публика. Тие се радуваа на успесите на нивните миленици а во градот повторно фудбалот е најактуелен иако Борец игра дури во  Трета лига.

Со доаѓањето на спонзорот и тренерот Димитровски клубот се препороди. Имаме подобри тренинзи, подобри услови за работа и еве имаме почетни резултати, се е попрофесионално.  Убеден сум дека и на крајот од првенството ќе се радуваме заедно со навивачите на првото место а потоа и во баражот за пласман во Втората лига – вели  Александар Јолдашев голман и капитен на екипата на Борец.

Најтешки за фудбалерите биле натпреварите со Кожув  1:0 и со Бабуна 1:1: дома, каде вложиле големи напори да остварат поволни резултати проти аспирантите за врвот. Велешани пак се во врвот на Третата лига и првите три места по есенската полу етапа ги заземаа екипи од велешко. Покрај Борец втора е екипата на Бабуна од Мартолци  со 32 бода а трет Илинден од Башино село со 31 бод. Борец беше член на елитното друштво во Првата лига се до 2001-та кога почна неговиот пад, поради недостиг на спонзор и заврши до трета лига југ,а каде игра неколку години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »