речник контакт

Безбедно е отстранета карпата кај тунелот Сопиште, на автопатот Скопје – Велес, кај Пчиња

Карпата била опасност по безбедноста на учесниците во сообраќајот

Петар Печков

Безбедно и успешно е отстранета опасната карпа пред првиот тунел Катлановско, на автопатот Скопје – Велес. По пријава на граѓани на единствениот повикувачки број 112, Центарот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација, веднаш за забележаната опасна состојба и положба на распукана карпа се информирани надлежните за соодветна натамошна постапка за отстранување на потенцијална опасност, согласно оперативните процедури и стручни проценки на јавното претпријатие.


„ЈП за државни патишта и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта денеска 9 мај,  организираа успешно и безбедно отстранување на опасната карпа со нејзино рушење, а потоа и отстранување од автопатот на делницата од автопатот,  делница Катланово - Велес 46+800 пред тунел именуван како „Солишта“ (првиот тунел над реката Пчиња). Со тоа е отстранета потенцијалната опасност по животот и материјалните добра на тој дел од делницата од автопатот“ – информираа од Центарот за управување со кризи.  

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »