речник контакт

Бездомните животни се слика на општеството, вели младиот Виктор Мазнев кој досега згрижил во Европа, преку илјада кучиња од улица во велешките улици

Љубовта е таа која му треба на целиот свет, пружете ја и на луѓето и на животните- порачува Мазнев. Совет како да постапите ако ве нападне бездомно куче

Петар Печков

Младиот велешанец Виктор Мазнев има 27 години а половина живот, веќе 14 години ги помага бездомните животни. Повеќе од илјада бездомни кучиња и мачиња, за овој период биле со негова помош вдомени низ Европа. За 4 април, Светскиот ден на бездомните животни вели хуманоста или ја имаш, или ја немаш, таа не се учи.

„На крајот од денот љубовта е таа која му треба на целиот свет. Пружете ја и на луѓето и на животните. Човек се раѓа со емпатија, со љубов кон се што е живо на овој свет“ – вели Мазнев.

Тој во селото Војница има стационар, каде згрижува бездомни животни. Но не само кучиња и мачки, има и коњи, овци, птици.

„Моментално имам згрижено седумдеетина бездомни кучиња од улиците на Велес. Имам и коњи кои биле малтретирани и напуштени од нивните сопстеници. Имам спасено овци, кози бил биле чувани во несоодветни услови. Имам и многу птици кои исто така биле чувани како што не заслужуваат“ – објаснува Виктор.

Тој е невработен но наоѓа начин како овој негов стационар да обезбеди средства за грижа и
храна на сите негови посетители. Тоа е преку странски фонадции, донации на граѓани од
странство, кои искрено ги сакаат животните.

„Помошта е драгоцена, добредојдена. Има и мал број граѓани од Македонија кои помагат. Имам вдомено преку илјада бездомни кучиња и мачиња за овие 14 години низ државите во Европа. Голема благодарност до сите тие, кои помагаат за оваа приказна да опстојува, да има успешен крај, да биде возможна мисија“ – дополнува Мазнев.

Објаснува дека постапката за вдомување е долга и мачна, да се обезебедат сите потребни докуметни, визи, пасоши, да се провери домот, каде животното ќе биде згрижено. Сето тоа бара време, процедури, посветеност. Целата работа околу стационарот и чувањето на бездомните животни ја работи сам, без помош од други волонтери. Така било до пред некое време.

„Пред пет години Британка од мене вдоми куче. Таа од недомна, кога стана пезионерка, поранешна дететкивка во полиција, дојде да живее во Велес и ми помгаа. Одлучи пензионерските денови да ги посвети во помош на бездомните кучиња“ – рече Мазнев.

Обајснува и зошто бездомните кучиња знаат да бидат агресивни, да нападнат, да каснат, како минувачите да се заштитат во таков случај.

„Факт е дека имаме голем број на улични кучиња во Велес. Некои од нив напаѓаат, луѓето не знаат како да реагират во таква ситуација. Едно бездомно куче е слика на општеството во кое живее. Агресијата и напаѓањето од кучињата е одбрамбен механизам. Тоа претходно
претрпело трауми. Луѓето кои имаат страв од кучиња, нека пробаат да вопостават контакт со кучиња од пријатели кои ги познаваат. Кучињата препознават страв кај луѓето и реакцијата со викање, пискање, кучето реагира. Не така, продолжте покрај кучето, без да го забележувате. Кучето може да залае, но значи дека ќе ве нападне. И побарајте помош, повикајте ако сметата дека сте загрозени“ – кажа Мазнев.

Тој за неговиот волонтерски ангажман за згрижување на бездомните животни во Велес, го доби општинското признание 9 Ноември. Посочува дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња во градот, потребно е да бидат вклучени и тие, лицата кои им помагаат, бидејќи најдобро го знаат проблемот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »