речник контакт

Безконтактни топломери за Детската градинка, од невладините Инфоцентар и Активо

Доделени се девет безконтактни топломери

Петар Печков

Граѓанските организации НВО Инфоцентар од Скопје и Активо од Велес, денеска донираа безконтактни топломери наменети за децата од  Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес.

Препознавајќи ги потребите на локалната заедница за заштита од пандемијата ковид-19, преку оваа граѓанска иницијатива им помагаме  на градинките, успешно и во континуитет да ги спроведуваат протоколите за заштита и превенција од корона вирусот. Нашата акција е само мал придонес кон заедничката борба против Ковид-19 и заедничките напори да им овозможиме на децата безбеден, безгрижен и разигран престој во градинките дури и во услови на пандемија“- изјавија од двете граѓански организации.

Оваа граѓанска акција е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »