речник контакт

Бернардинец победи на државното првенство во Велес - фото

Учествуваа 70 кучиња од 30-тина раси

Петар Печков

Парче од Градскиот парк, беше рингот каде се натпреваруваа кучињата на Државното првенство ЦАЦ 2014 кое се одржа во Велес. Организатор беше кинолошкото друштво Вел Канис до Велес а победи кучето од расата бернардинец со целосно име  Коросфо Шепе Серафина, со одгледувач  Горан Дојчиновски   од Прилеп.

Кучето е со потекло од Унгарија, старо е две години. Оваа  награда ми значи задоволство за вложениот труд и дека сум успеал ова куче да го доведам до високо ниво – рече Дојчиновски кој со одгледување на кучиња се занимава од 2000-тата година. 

Неговото куче победи пред францускиот булдог Каспер прајд оф Геле на Дејан Гелевски од куманово и црногорски планински гонич Беатриче Сутоморска на Трајче Коцев од Радовиш.. 

Задоволни сме од одѕивот,  од понудениот квалитет на кучиња. Времето се погоди, победи најдобриот. Очекувам до година поголем одѕив – изјави Томе Каратрајков претседател на Вел – Канис. На изложбата   учествуваа 70 кучиња од 30-тина раси  На секоја изложба се избира најдобро куче а завршницата е на 4-ти и 5-ти октомври во Скопје кога ќе се знае кој е најдоброто куче во Македонија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »