речник контакт

Бесплатен одмор за децата од социјално ранливите семејства

23 деца од Велес засега летуваат,16 се враќаат нови седум заминуваат в недела за Кочани

Петар Печков

Децата од социјално ранливите категории бесплатно летуваат на сметка на државата. 16 од нив утре се враќаат од Кочани а в недела нови седум заминуваат. Тие имаат обезбедено  шест ноќевања, со комплет прехрана, како и превоз до летувалиштето. Оваа новина може да се користи и во наредниот летен период, како и во зимскиот.

Услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на посебен додаток, родени во период од 1997 до 2002 година  (деца - редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2011/2012 година.)  Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно) и едукативни и забавни активности. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.

За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа, а со барањето се поднесува потврда за редовен ученик. Барањата  можат да се поднесат само во просториите на надлежните Центри за социјална работа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »