речник контакт

Бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток

Повикот е до 15 јули, петок

Петар Печков

Министерството за труд и социјална политика го објави конкурсот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик  родени 2008 до 2011-та и да се редовни ученици, како  и деца корисници на посебен додаток до 26 годишна возраст.

„Услугата за одмор и рекреација може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца корисници на посебен додаток, детски додаток и децата без родители и родителска грижа редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение“ - соопштија од Министерството за труд и социјална политика.  
Со услугата за одмор и рекреација, за време на летниот распуст на корисниците им се обезбедува престој од 7 дена -шест полни пансиони со три оброка дневно

Услугата опфаќа и обезбеден превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар  за социјална работа до одмаралиштето/хотелот.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.

За користење на бесплатен одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјални работи, најдоцна до 15 јули (петок). За повеќе информации кандидатите од Велес може да се обратат на телефонскиот број  043/231-426 и 043/231-355.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »