речник контакт

Бесплатен училиштен прибор за децата без родители

Локалната власт подари 25 комплети прибор за децата без родители во општина Велес

Петар Печков

Во чест на Светската недела на детето  Општина Велес подари  училиштен прибор за децата без родителска грижа. Ова е само една од активностите и начин со кој Општина Велес ја потврдува помошта и поддршката на децата и семејствата. Таа се труди да ги опфати сите ранливи група, а истовремено и да создава услови за среќно и безгрижно детство на најмладите во локалната заедница.

Според евиденцијата на Меѓу општинскиот центар за социјална работа 25 деца од Велес се во категорија на деца без биолошка родителска грижа, под старателство или растат во згрижувачки семејства. Поделени во три возрасни групи, 9 од нив се деца од I – IV одделение, 8 се ученици од  V-VIII одделение и 8 средношколци. 

Заради потполна дискреција на корисниците, со цел да се поштедат децата од јавноста Петров, Градоначалникот на Велес на симболичен начин училишниот прибор го предаде на претставниците на Центарот за социјална работа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »