речник контакт

Бесплатната налепница за регистарски таблички со „НМК“ стигнаа во Велес

Налепница со ознаката НМК е набавена и обезбедена од страна на МВР и истата е бесплатна

Петар Печков

Налепница  за возилата со ознаката „НМК“ беше  дистрибуирана претпладнево во трите станици за технички преглед во Велес, а нивните вработени ги лепат на регистарските таблички, согласно протоколите за работа.

Граѓаните кои дознале дека има налепница веднаш поитаа да се обезбедат.  Сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, треба заклучно со денес  12 февруари да ги заменат со новиот код НМК.

„Не чекав долго за пет минути ја завршив целата работа. Како се надевав добро минав“ вели жителка од Башино Село, која прва ја доби налепницата во АМСМ - Велес.

„Дојдов заради  налепница но и промена на сообраќајната  исправа. Иако бев и ја продолжив во септември лани, ми впишале со Република Македонија а сега поточно од утре бараат со додавката „Северна“.Сега сум приморан да доаѓам повторно и да вадам важечка исправа.   

Налепница со ознаката НМК е  набавена и обезбедена од страна на МВР и истата е бесплатна. Но велешани велат дека можно налепница да  биде одлепена и залепена на табличка од друго возило. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »