речник контакт

Бесплатни канти за смет за дуќанџиите за почист град

Општината бесплатно дели 200 канти за отпадоци за дуќанџиите.

Петар Печков


Со цел за постојано унапредување на состојбите со комуналниот отпад, Општина Велес на регистрираните правни лица кои вршат трговска дејност им доделува бесплатна канта за отпадоци од 120 литри.

Општината располага со 200 канти за отпадоци кои правните лица ќе можат да ги добијат по нивно барање.

Сите заинтересирани правни лица (сопственици на дуќани) кантите за отпадоци ќе можат да ги добијат доколку се обратат во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес каде треба да достават: документ за регистрирана дејност и
доказ за подмирени обврски по основ на данок на имот и комунална такса.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »