речник контакт

Беше борба за живот, Александар ме давеше јас се спасував, кажа Павлинка на која и се суди за убиство во миг

Пресудата е најавена за утре. Што кажаа сведоците за убиството на Александар Ристовски кое се случи пред половина година

Петар Печков

Се бранев, не се чувствувам за винова кажа Павлинка Илоска во нејзина одбрана при денешното сведочење за убиството на невенчан сопруг Александар Ристовски.

Судењето започна во Основен суд Велес и во едно рочиште беа сослушани сведоците на обвинителството и одбраната, изнесени доказите, кажани завршените зборови и за утре, вторник во 13ч. најавена е објавата за пресудата.

„Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината  бев  работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е , само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите“ ги раскажа кошмарните моменти од фатална вечер на 29-то септември, мината година, кога при семејно насилство го лиши од живот нејзиниот партнер Александар Ристовски (40 год). Павлинка и покрај се неколку пати повтори дека го сакала Александар.

„Се надевав дека ќе се промени, му давав шанси, оти го сакав. Кога не беше пијан тој беше многу добар човек“-додаде Илоска.

Сведочењето беше мачно и во тажна атмосфера, а обвинетата неколку пати мораше да биде прекината поради силните емоции и солзите.

Мајката на Александар  како оштетена не побара кривичен прогон на обвинетата Павлинка,  додека татко му Венко остави на судот тоа да го решава. Илоска му била трета невенчана сопруга а Александар  имал зад себе и еден брак со деца од тој. Една од невенчаните сопруги сведочеше каква се тортура доживувала додека била во заедница а Александро го нарече алкохоличар и насилник. 

Пред судот сведочеа и вештите лица, кои  кажаа дека Александар починал од една убодна рана, која била со кујнски нож. На неговите рачки имало ДНК од Павлинка и Александар оти бил користен во кујната. Под ноктите на починатиот била пронајдена ДНК од Павлинка што укажувала дека тој ја давел во вратот и крвни подливи на челото резултат од удари од тупаница. 

Кај починатиот бил пронајден алкохол во крвта кое тие го окарактеризираа ако средно пијанство кое било во фаза на елиминација. Бранителот на обвинетата, адвокат Димитар Петрулев кажа дека тоа во бројки се  1,6 промил  алкохол во крвта и 1,9 во урината.

„Делото е сторено во нужна добрана, во гладијаторска борба за живот“ дополни Петрулев.

Во завршен збор обвинителката Анастасија Миланова побара поблага казна за обвинетата.

„Судот во голема мерка да ги цени олеснителните околности во однос на потешките“ кажа Миланова.

Павлинка Илоска (23 год) се товари за  кривично дело убиство сторено во миг.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »