речник контакт

Би-Би-Си ја укина радио програмата на македонски јазик поради штедење

Би-Би-Си ја укина радио програмата на македонски јазик, што се емитуваше од Лондон во изминатите 15 години.

Петар Печков

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во соопштението на ваквата одлука на најголемата британска медиумска компанија се вели дека покрај македонската секција, во рамките на Светскиот сервис на Би-Би-Си се укинуваат и уште четири редакции - на албански, на српски, на англиски за карибскиот регион и на португалски јазик за Африка.

Директорот на Глобалната информативна програма при Светскиот сервис, Питер Хорокс го оправдува ваквото решение на Би-Би-Си со одлуката на британската Влада да ги намали средствата за компанијата за 16 отсто. Тој вели дека со укинувањето на петте јазични секции се заштедуваат 46 милиони фунти.

Иако претходно се споменуваше затворање на десетина секции, Хорокс објасни дека сите другите ќе продолзат со работа. Во секциите на другите јазици ќе се изврши само намалување на персоналот што сега е ангажиран.

Намалувањето на средствата од државниот буџет и „замрзнувањето“ на висината на радио и телевизиската претплата, што ја воведе Владата во следните пет години, се причина Би-Би-Си само во Светскиот сервис да укине 650 работни места, сто е една четвртина од досегашните 2.400 вработени.

Македонската секција е отворена последна од радио програмите на јазиците од Балканот, па сепак се затвора заедно со албанската и српската. Тоа го покажува намалувањето на интересот на британската јавна медиумска компанија за балканскиот регион и за тамошните случувања, но и на Форин Офисот, кој досега одлучуваше за тоа кои јазици да бидат застапени во програмите на Светскиот сервис.

Медиумите во Лондон оценуваат дека македонската и другите две балкански јазични секции се жртва на надмудрувањето меѓу Владата и Форин офисот, од една и Би-Би-Си од друга страна, откако првпат во историјата на овој сервис една британска Влада одлучи финансирањето на радио програмите на странските јазици да го покрива самата куќа, која досега се грижеше само за техничките услуги.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »