речник контакт

Библиотеката откупи книги од роднокрајни автори од годинашната продукција

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура

Петар Печков

Библиотеката со поддршка на Министерството за култура го реализираше проектот за набавка на дела од роднокрајни автори, објавени во 2023 година. Посочуваат дека набавени биле книгите од роднокрајните автори Атанас Крлевски, Александра Велинова, Ѓорѓи Малковски, Наташа Богоевска Брезовска, Александра Велинова, Сања Стојанова и Васил Тоциновски.

„Зборот е печат, а делото вечен паметник на едно време, на едно постоење. Кога делото се чува и негува тоа опстојува низ годините, низ вековите, а со самото свое опстојување, на својот создател му дава бесмртност. Токму тоа го прави Библиотека негувајќи го Роднокрајниот оддел, а со тоа се вбројува во малкуте библиотеки во државата кои го поседуваат овој оддел. Не само што ги зачувува делата и авторите од забот на времето и заборавот, туку го бележи и културниот развојот на градот Велес“ - кажа директорката Снежана Бошевска.  

Поддршката од Министерството за култура е во висина од 20 илјади денари.

Овој оддел бележи децениско постоење, вбројувајќи автори со своите дела, како и објавени прилози и статии поврзани со градот или од роднокрајни автори. Библиотекарката Јадранка Мајсторова, која е заслужна за развојот за овој Оддел , му дава современа димензија внесувајќи во Cobiss апликацијата околу осумстотини наслови од роднокрајни автори. Со самото внесување во Aзбучниот каталог и УДК класификацијата ги популаризира авторите и делата не само надвор од градот, туку и надвор од државата. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »