речник контакт

Билетите во велешки театар се продаваат побрзо од концертот на Аца Лукас

Директорот Крстевски одговара на прозивките дали дели билети под рака и зошто бифето нема да се изнајмува

Петар Печков

Во велешки театар билетите за претстава се продаваат побрзо од концерт на Аца Лукас. Овој статус на ФБ бргу се рашири, но и предизвика реакции кај посетителите на велешки театар.

Повеќето беа  дека билетите се делат по блиски, пријатели и затао ги нема во слободна продажба. Ова беше причина в.д. директорот на Центарто за култура, Младен Крстевски , одговори на прозивките.

     Ги чувате ли билетите за Ваши блиски, по нарачка? Зошто ги нема во  продажба, ги давате ли под рака? 

Јас немам 3-4 илјади блиски луѓе во Велес, па картите да им ги делам по пријателска основа.Ми се допадна мислата, дека картите кај нас се продаваат побрзо отколку концерт на Аца Лукас.   И Вие бевте сведок, кога дојдовте во 10,05 да купите билети дека  немаше, се продадоа.  Луѓето чекаа на билетара и наместо да стојат на студот и вработениот да отвори во 10, тој отвори во 9,30 и тие среќници ги купија.  Интересот за оваа претстава е поради   10-те  мои колешки и користам можност да им се заблагодарам за нивната креација.     Да нема дилеми публиката за  претставата ,,Тоалет за дами,, е на големата сцена и  има  само 120 места и ги снемува за час. Билети нема ниту за ,, Вдовицата се мажи,, потоа ,,Синиот портокал,, како и за ,,Театар љубов моја,,.

      Зошто репертоарот се сведе на овие четири претстави, од повеќето кои се изведоа претходниот период?

Ја игравме и ,,Тирамису,, од претставите од претходниот репертоар.  Мораме да ги изиграме нив, оти веќе започнавме со подготовки   на нови годинашни. И тие  ќе ги заменат постојните претстави. 

   Уште едно  актуелно прашање. Има интерес кај локални угостители да го изнајмат бифето во театарот, кое има одлична местоположба.  ќе се издава ли, ќе работи ли со гости?

Додека јас сум директор не. Тоа бифе е наменето за актерите, тука седиме  ние и тоа е да уживаат луѓето од театарот. Да појаснам. Се наоѓа до самата сцена.  Буката  од музиката ќе доаѓа и на сцената,  а како ќе работиме.  Имаме проба дневна, навечер претстава. И колку саати ќе може да работи тој што ќе го изнајми. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »