Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јануари 2025
Првата премира е „Целосно непознат“ американски биографски филм за Боб Дилан. Во 1961 година, непознат 19-годишен Боб Дилан пристигнува во Њујорк со својата гитара и воспоставува врски со музички икони на неговиот метеорски подем, што кулминира со револуционерна изведба што одекнува низ целиот свет. Во улогата на Дилан е ѕвездата во подем Тимоти Шаламие. Њујорк во раните 1960-ти. На маргините на раздвижената музичка сцена и бурните културни превирања, таинствениот 19-годишник од Минесота доаѓа во Вест Вилиџ со гитара в раце и со револуционерен талент, предодреден да го смени текот на американската музика. Додека го започнува патот кон врвот на кариерата, станува немирен поради фолк движењето, па одбивајќи да биде дефиниран, донесува контроверзна одлука што одекнува во целиот свет.
Втората премиера е „Ризичен лет“ aкција со Марк Валберг, во режија на Мел Гибсон. Пилот превезува воздушен маршал кој го придружува бегалецот на судење. Додека ја преминуваат дивината на Алјаска, тензиите се зголемуваат и довербата е тестирана, бидејќи не сите на авионот се онакви какви што изгледаат.
Шпанскиот анимиран филм „Клинци каубојци“ е третата премиера. Две ирски сирачиња патуваат со воз низ Америка, наидувајќи на негативци и херои. Тие стекнуваат извонреден пријател и бараат нов дом, соочувајќи се со авантури и опасности на патот.
Акцијата „Братство на крадци2: Пантера“, која по премиерата во светските кина е најгледан филм во свењтот. Џерард Батлер и О’Шеј Џексон Џуниор се враќаат во експлозивното продолжение на акциониот хит од 2018, Братство на крадци! Во ова продолжение, легендарниот Биг Ник (Батлер) повторно тргнува во лов – овој пат во опасното подземје на Европа. Неговата цел? Дони (Џексон), кој се наоѓа среде смртоносни интриги во светот на крадци на дијаманти и на немилосрдната банда Пинк Пантер. Нивната цел: да го изведат најголемиот и најдрскиот грабеж во историјата – дијамантска берза од светски ранг. Со адреналински потери, двојни предавства и непредвидливи пресврти, Биг Ник треба да се соочи не само со криминалците, туку и со сопствените граници за да ја запре смртоносната операција. Бидете подготвени за акција без прекин.
И натаму четврта седмица по ред, овој пат како трет филм во светот е „Соник супер еж 3“. Соник, Наклс и Тејлс се повторно заедно за да се соочат со нов и застрашувачки непријател: Шeдоу, мистериозен негативец со темни сили какви што никогаш не се сретнале. Силата, брзината и разорните способности на Шeдоу ги ставаат тимот на Соник во неповолна позиција, принудувајќи ги да размислат за нова стратегија. Со своите надминати способности, тројцата откриваат дека за да го победат овој моќен нов непријател, мора да побараат неочекувано сојузништво. Покрај стари пријатели и нови ликови, тие ќе патуваат низ непознати земји, откривајќи скриени сили и тајни кои може да ја носат клучната улога во поразувањето на Шeдоу. Но, додека собираат сили, почнуваат да се прашуваат: Дали Соник и неговиот тим можат да им веруваат на своите нови сојузници или влијанието на Шeдоу е уште поопасно отколку што мислат?
Фамилијарниот филм „Моана2“ кој собра над милијарда доалри од блезници, повторно пред велешатка публика. Откако ќе добие неочекуван повик од своите предци водачи, Моана тргнува на патување низ далечните мориња на Океанија и во опасни, одамна изгубени води, за авантура каква што никогаш досега не доживеала.
Tweet |