речник контакт

Битиќи, рехабилитираниот пат Велес - езеро Младост е меѓу подобрите туристички патишта во Европа

Битиќи и министерката за животна средина Шукова со ист став, патот е согласно законските и проектните критериуми

Петар Печков

Вицепремиерот  Фатмир Битиќи во одбрана на ново асфалтираниот  регионалниот пат Велес - езеро Младост. Тој заедно со министерката Каја Шуркова беа да проверат дали реакциите на јавноста   се оправдани. Утврдиле дека реакциите се неоправдани.

„Според информациите на ЈП за државни патишта патот е направен според сите законски прописи . Можеби поради конфигурацијата на теренот на одредени делови  изгледа дека  е потесен, но во другите делови ги исполнува стандардите.  Се радувам што после толку години патот е  рехабилитиран. Тој е побезбеден, посигурен и со нови можности за развој на туризмот. Тој е еден од подобрите патишта што го имам видено во Европа, кои носат до туристичка дестинација. Патот е во рамките на законските и проектните критериуми и ограничената брзина“ - кажа вицепремиеротБитиќи, одговарајќи на новинарското прашање.

Тој рече дека доколку се сака патот да има поголемa брзина за возилата,  треба да се изврши негова нова категоризација, да не биде регионален.

Од друга страна возачите посочуваат дека рехабилитираниот регионален  пат од Велес кон Градско, кој е готов од пред некој ден е обележан со хоризонтална сигнализација, додека регионалниот пат од Велес кон езеро Младост иако е одамна готов, не е обележан. 

Согласно Правилникот за технички елементи хоризонталната сигнализација на широчина на коловозна лента,  каде брзината е до 50 км, како што е случајот на патот Велес езеро Младост,   треба да биде на 2,75м.   Мерењата што ги изврши членот на Советот на Општина Велес, Игор Смилев покажаа дека е помеѓу 4,40 и 4,60.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »