речник контакт

Битолчанка од дом на велешанец одзела златен накит , но била уапсена од полицијата

Дел од украдениот златен накит е пронајден кај С.К. и вратен на сопственикот. Кражбата се случила во центарот на градот, четвртокот попладне

Петар Печков

Во петокот на пладне велешката полиција уапсила млада  битолчанка, за која се сомневаат дека извршила разбојника кражба од дом на велешанец при што одзела злато.

„На 17 март во 11.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.К.(20 год) од Битола. Таа се сомничи дека ден претходно,  околу 17 часот извршила разбојничка кражба во дом на улица „8 Септември“ при што одземала разновиден златен и сребрен накит. Дел од пронајдените предмети се одземени и вратени на сопственикот“- соопштија од СВР Велес.

По  целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »