речник контакт

Благцата на баба ги собраа на гурмански мегдан македонските жени

По 21 пат се одржа манифестацијата која ги афирмира старите блага, оставина од бабите

Петар Печков

По 21 пат во Велес, македонските жени, се собраа на манифестацијата ,,Благата на баба,,.   Околу 400 жени од десетина града,  се забавува, дружеа но пред  се ја покажаа нивната умешност  на гурманскиот мегдан, во подготовка на старински блага, рецепти кои сегашните баби  ги научиле од  нивните баби.   За оваа пригода беа подготвени баклави, равании,  кадаиф, ванилици.. 

Целта на манифестацијата, кога започнавме беше да се сочуваат старинските блага. Нив сите ги знаеме, ама да не ги оставиме да бидат заборавени. Чинам успеавме да ја одржиме манифестацијата, да ги заинтересираме помладите, така што  трудот вложен низ годините се исплати - рече    Неделка Ѓорѓиева претседателката на жени пензионерки, која со своите 80-тина години  и натаму е дел од организацијата. Велешанката Пандорка Пајдакова се престави со старинско благо, така било името на подготвениот специјалитет.

Рецептата е стара, се подготвува брзо, ефикасна. Потребни се едно јајце,  по една шолја шеќер, зејтин, пресно млеко, две чаши брашно, 3-4 лажици мармалад, ореви, кора од портокали. Се тоа се меша, се пече.  Може да е прелее со топено чоколадо. Често го подготвувам бидејќи внуците го сакаат и бараат   - вели Пајдакова.

 Жените од Неготино, Штип,  Кичево, Тетово, Дебар, Свети Николе, Крива  Паланка, Крушево, Кочани, Радовиш,  Скопје и домаќинките од Велес, со голем интерес ги гледаа изложените блага, се интересираа за рецептите.  А штом музиката започна, сите се фатија на оро.   Меѓу бројните блага, гостинките од Кичево единствени донесоа солено - питулици.

Овој солен специјалитет го подготвив на бакарна тепсија.  Се реди кора по кора, меѓу нив се остава сирење и се пече во рерна. И внуците многу го сакаат  - рече Јагода Запатоска од Кичево.

На манифестацијата, која ја организра Здружението на  пензионери од Велес,  се промовираше и  брошурата ,,Благцата на баба,,. Во неа има  рецепти кои жените гостинки, ги носат подготвени. Во брошурата има 39 рецепти од исто толку жени од повеќе градови од Македонија. Брошурата ја подготви Нада Алексовска.  Манифестацијата    имаше хуманитарен карактер, дел од средствата од влезниците се наменети за велешанката Марика Гуцева, пензионер, чија куќа неодамна изгоре до темел.  Голем интерес предизвикаа благата  ашуре и мафиши. 

Ашуре е прво библиско благо и тоа е посебно благо, прв посен рецепт.  Го подготвиле на Арката на Ное, кога го преживеале потопот. Оригиналниот рецепт содржел 40 состојки, колку што траел потопот. Има длабоко религиозно значење.  Ова што јас го подготвив имаше 15 состојки, пченица, наут, ориз, суви овошја, Тоа ја симболизира разноликоста на народите, продуктите како спој и хармонија.    Ова благо кај нас во Македонија се подготвува за Божикните и Велигденски пости. Мафиши е старо македонско благо,  се подготвува со цеќова вода, вода со пепел оти нашите стари немале пецива и сите блага ги подготвувале со неа, тоа е  замена за  пециво. Мафиши се користат и брашно, белки од јајца  - рече   Марика Далева која ги подготви овие два рецепти. 

Интерес предизвика и благото што беше донесено од Дебар. 

Сулијан се подготвува од пекмез и брашно, се додава ореви, без шербет е ова благо. Го научив од баба, прабаба. Го подготвувам за внуците, за слава за комшиите кога ќе дојдат, не е посебно тешко, но е карактеристика за  Дебар - објасни  Емихан Шеху  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »