речник контакт

Блогбастерот „Дуна2“ кој ги полни светските кина втора недела пред велешани (видео)

Оваа седмица премиера и а хоророт „Замислен“ и цртаниот „Кунг фу панда 4“

Петар Печков

Пет филма оваа седмица се на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес, два се премиера  а три се анимирани.

Премера на хоророт „Замислен“.  Жена се враќа во  домот од детството, за да открие дека имагинарниот пријател што го оставила зад себе е многу реален и несреќен што го напуштила.

Анимираниот Кунг фу панда стаса до 4 дел.  Откако По ќе биде избран да стане духовен водач на Долината на мирот, тој треба да најде и да тренира нов воин на змејот, додека злобната волшебничка планира повторно да ги повика сите господари негативци кои По ги победил во духовното царство.

Долго очекуваниот и најавуван блокбастер „Дуна2“ е најгледаниот филм изминатиот филм во Светот.   Придружете му се на Пол Атреидс во потрага по одмазда додека тој повторно се обединува со Чани и Фремен во филмско ремек дело кое ќе ве остави без здив.  Последната битка се приближува додека Пол и Чани се подготвуваат за крајната пресметка. Дали љубовта или судбината ќе триумфираат? Пол Атреидис се обединува со Чани и Фременците додека е на воена патека за одмазда против заговорниците кои го уништија неговото семејство. Соочувајќи се со избор помеѓу љубовта на својот живот и судбината на универзумот, тој се труди да ја спречи ужасната иднина што само тој може да ја предвиди.

Рускиoт цртан филм, „Кучиња во операта“ синхронизиран на македонски. Комичната авантура сместена во Метрополитен операта на почетокот на 20 век нè запознава со уличното куче Самсон, кое обидувајќи се да се скрие од ловот на шинтерите, пристигнува во една од најпознатите оперски куќи во светот. Таму ја запознава Марго, куче кое е во сопственост на познатата примабалерина на театарот, Анастасија. Приказната се вжештува кога од соблекувалната ќе исчезне уникатната тијара која и припаѓа на британската кралица и која Анастасија мора да ја носи за време на четвртиот чин на балетот. За да не го откажат балетот, Самсон и Маргот мораат да го најдат крадецот и да го спасат денот предвиден за звуците на големиот Жорж Бизе.

Цртаниот филм „Елементал“  едело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »