речник контакт

Блокбстерот „Мег, чудовиштето од длабочините 2“ со светската премиера и пред велешани (видео)

И натаму на репертоарот моментално најуспешните два летни филмски хита „Барби“ и „Опенхајмер“

Петар Печков

Џејсон Стејтам и неговиот тим се враќаат во истражувањето на Маријанската бразда, каде се соочуваат со нови застрашувачки чудовишта. Големиот блокбастер од денес тргнува во светските кина, така и пред велешани во 3Д киноверзум.  Огромните ајкули се предизвик кој треба да се совладаат. Многу адреналин во вториот филм од оваа успешна  постава од 2018-та. Се прикажува четврток, сабота, недела и среда во вечерниот термин.

„Барби“ најгледаниот филм летово во светот,  филмот за куклата и нејзиниот партнер Кен, но во играна верзија, секој ден до среда во попладневниот термин.

Приказната  „Опенхајмер“, за Ј. Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба ќе може да се погледне петок и понеделник во вечерниот термин. Филмот трета седмица по ред е на второто место по гледаност во светот.


 Вторник попладне на репертоарот се враќа филмот за видео играта Супер Марио.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »