речник контакт

Богат род печурки, ниска цена за откуп

Бројни семејства во велешко егзистенција вадат од бербата на печурки

Петар Печков

Есенва печурките богато родија по велешките планини. Берачите со денови неуморно се на терен да соберат што повеќе од нив. Се оди од рано утро, до зајдисонце. Се користи секој момент за да се собера што поголемо количество. Но ако печурката годинава ја има, цената и е ниска.  И велешани, и жителите од околните села, масовно се по берење на печурки. Дневно можат да заработат најмалку по 1000 денара.

Годинава има како ретко кога богат род. Се погоди времето, малку дожд, па сонце. Ја берам со години, знам каде ја има, знам која печурка да ја берам. Средствата што се добиваат се значајни за потполнување на домашниот буџет. Само за жал, годинава има многу ниска цена. Започна со 100 денари за килограм, се спушти на 80 за сега да се движи помеѓу 30 и 50 денари. Тоа е многу ниско. Нема проблеми со  исплатата, има  повеќе откупувачи во велешко – вели велешанец кој викендот го мина собирајќи печурки во околината на село Ветерско, помеѓу двата крака од автопатот Скопје  Велес и обратно.

По 10 часа, заедно со пријателот  биле по сончевите падини, за да соберат што повеќе печурки, набрале секој по 50 килограми. Печурката ја има многу во регионот на Азот, каде е зелената оаза, срцето, центарот на Македонија. Изминатите денови, саботата и неделата бројни семејства беа по блиските планини, на берба. И од Богомила, Теово, Согле, луѓе со вреќи, со ранци, неуморно шетаа за да соберат што повеќе печурки.

Заедно со брат ми набравме за овие два три дена околу 250 килограми. И тоа вргањ. Но цената е многу ниска, 50 денари. Ако пред три години ведеше 600 денари сега е десет пати пониска. Има многу печурки, има многу берачи и затоа падна цената. Годинава ова е трет период како се бере, прво во мај, па во јули и еве сега од септември  – велат жители на селото Горно Врановци. Поголемиот дел од машките членови викендов беа по блиската планина на берба.   Нешто оставија и да се суши, оти сигурно дека таа печурка ќе има добра цена, околу 20 евра по килограм. Но ќе треба да мине време,  за да се исуши и продаде.

Годинава има богат род, што придонесе голем број лица за берат печурки. За жал  откупната цена е ниска. Памтиме  години кога таа беше далеку повисока, но годинава е така. Дел од печурките завршуваат на домашниот пазар, поголем во странство – вели Музафер Бајазитов  еден од поголемите откупувачи на печурки во велешко, кој со оваа дејност се занимава од 1980 година. 

 
 Печурката се сече, не се корне, се чува во кошница не во вреќа

Осумдесет годишниот велешанец Борче Гајдов, се`уште активен планинар, апелира до берачите на печурки, како да постапуваат.

Не можеме, не смееме да ја оставиме природата на немилост на лица кои мислат само за себе. Нестручно се бере печурката. Се рекло носи пари и сите ајде на берење а немаат основни познавања. Печурката не се корне, се сече со нож, се складира  во кошница а никако во вреќи како што сега работат. Сметката  ја плаќа природата ама и  ние со неа  – објаснува Гајдов, кој како голем љубител на планините  по нив се движи оди од далечната 1959-та година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »