речник контакт

Богдановски со нов државен рекорд 33-та на Олимпијадата

Несреќата на жртвите од невремето во Скопје е поголема од мојот успех, новиот државен рекорд им го посветувам на овие луѓе –порача Богдановски од Рио

Петар Печков

Пливачката Анастасија Богдановски  со нов државен рекорд го заврши учеството на Олимписките  игри во Рио.   Таа во квалификациите на 200 м. слободно исплива време од 2:00:52 што е нов Македонски рекорд на оваа патека.

Со ова постигнато време  Богдановски беше 33-та од 42 натпреварувачки а во втората квалификациона група каде пливаше на целта стигна третопласирана. Нејзиното  претходно најдобро постигнато време  на 200 м. слободно беше 2:01:28. Богдановски новиот државен рекорд  го посвети на жртвите од невремето во Скопје.   

И во ова време на возбуда и радост, моето срце и моите мисли се насочени кон жртвите од поплавите во Скопје, и нивните семејства. Нивната несреќа е поголема од мојот успех. Затоа јас го посветувам мојот нов државен рекорд на жртвите и нивните семејства – напиша таа  на нејзиниот ФБ профил, веднаш по трката.  

Таа  изјави дека е задоволна од постигнатото време и новиот државен рекорд,  пред трката била релаксирана  а во водата се чувствувала ,,мазно,,  и дека во иднина очекува  да  го подобри овој резултат.

Богдановски за да се подготви што подобро за Олимпијадата  ги остави студиите една година во пауза и од 15 август се враќа на оваа нејзина обврска. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »