речник контакт

Богдановски со нов државен рекорд на 100 м. слободно

За три дена два македонски рекорди на пливачката со американски пасош а велешанка по потекло

Петар Печков

Пливачката Анастасија Богдановски оствари олимписка Б-норма и на патеката 100 метри слободно на Светското првенство во спортови на вода во Казан, Русија.

Таа оваа патека ја исплива во време на нов рекорд на Македонија – 56,12 секунди, што е за 24 стотинки подобро од претходнниот рекорд, односно 22 стотинки подобро од зададената квота како предуслов да добие покана за Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро в година.

Со оствареното време Богдановски, која има велешко потекло  а живее и студира во САД го освои 35 место од 90 пливачки во оваа дисциплина а беше  втора  во шестата квалификациска трка од вкупно 10.  

Пред два дена, Богдановски го подобри сопствениот државен рекорд на 200 м слободно – 2:01,28 и уште еднаш ја потврди претходно остварената Б-норма во оваа дисциплина, со што во Рио на Олимпијадата до година  ќе плива  во две трки.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »