речник контакт

Богдановски со нов македонски рекорд исплива норма и обезбеди учество на СП во Казан

Македонката со велешко потекло Анастасија Богдановски обебеди учество на Светското првенство во Русија ама не знае дали ќе плива на Европското во Берлин

Петар Печков

 Македонската пливачка со велешко потекло  Анастасија Богдановски, која учи и тренира во САД,  осигури учество на СП во пливање следната година во Казан Русија.

Со  двете испливани времиња на меѓународно признати од ФИНА квалификациони  пливачки митинзи таа единствена  на ваков начин    обезбеди учество на најдобрите светски пливачи до година во Русија.

На митингот „Арена Гран При“ во Шарлот 100 метри слободно ги исплива за 56.61 со нов апсолутен рекорд на Македонија, а на „Куп Квебек“ во Монтреал истата патека  ја пливаше 56.74 секунди. Со овие времиња  ги исполни нормите за СП  во Казан, преку квалификациите.

Слични времиња Богдановски постигна и на митинзите во Бафало и Балтимор, но тие не се верификувани за Казан.   Анастасија најавува дека ќе плива на квалификациони митинзи на 50 м. и 200  м. слободно, и дека ќе ги  постигне потребните норми, кои и бегаат десетинки, со што ќе обезбеди  учество и во други трки освен на 100 метри слободно. 

Анастасија  очекува дека во август ќе плива за репрезентацијата на Македонија на ЕП во Берлин, бидејќи ги има испливано нормите на Пливачката федерација на Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »