речник контакт

Божидар Јовиќ ја промовираше стихозбирката „Благородни сознанија“

Во неа со неговата сензитивна поетска рака ја регистрира реалноста

Петар Печков

Најновото поетско остварување на поетот Божидар Јовиќ насловено како „Благородни сознанија“ е своевидно крунисување на неговата досегашна поетска и творечка работа. Иако е подолго време присутен на издавачката сцена со неговите научно педагошки трудови, минатата година се пронајде себеси и во уметничката проза со романот „Животна посветеност“, годинава издаде  нова стихозбирка. Во неа со неговата сензитивна поетска рака ја регистрира реалноста и тој буквално слика се што го опкружува и какви се бури доживува неговата душа во тие мигови.

„Збирката на поезија претставува крунисување на досегашната поетска и книжевна работа на велешанецот Јовиќ. Таа е оплеменета со многу убави стихови коишто извираат од душата на писателот. Божидар, сите ние го познаваме, во својата најнова стихозбирка има еден пример којшто ни го дава во песната „Родниот крај“ кога го отсликува својот немир при соочувањето со местото во кое што израснал и кога се навраќа на се она што во него буди убавина, топлина и радост“ - кажа рецензентот Лили Арсова.

Стихозбирката вчеравечер беше промовирана во Велес, во „Сангрија“ во организација на Друштвото на писателите на Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »