речник контакт

Божикно -хуманитарен концерт на Сара Мејс и девојките во театар на 10 јануари

Концертот е во придружба на Камерниот оркестар од Битола

Петар Печков

Петок на 10 јануари, на сцената на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Божикно-хуманитарен концерт на Сара Мејс и девојките, заедно со Камерен оркестар на Битола. Организатор е Општина Велес а помагатели се театарот и Општинската Организација на  Црвен Крст Велес.

Почетокот на концертот е закажан за  20ч и  најавен е  како хуманитарен.  Средствата од продажбата на билетите, чија цена е 400 денари,  се  наменети за опремување на детското одделение при ЈЗУ Општа болница Велес. За секој купен билет Сара подарува  ЦД од нејзиниот последен албум.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »