речник контакт

Боката непресметлив, не оди затвор ќе лежи во психијатриска Болница

Пред половина година Борислав Ангелов си ја запали куќата, со неа и сопругата која едвај се спаси жива

Петар Печков

Борислав Ангелов Боката (62 год) ги сторил двете дела за кои Обвинителството го товареше, поради што Основниот суд од Велес му изрече мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.

Петчлениот судски совет со кој претседаваше судијата Илија Танев ја укина мерката притвор и нареди обвинетиот да се премести во психијатриска клиника. Ангелов се товареше за две кривични дела, убиство во обид и тешки дела против сигурноста на луѓето.

Благој Ангелов - Боката (62 год) се обиде на 18-ти септември, минатата година, жива  да ја запали  неговата сопруга Светлана Ангелова, заедно со куќата на улица Владимир Назор бр.180 во која живееле. Таа со крајни напори успеа да се спаси откако била и физички нападната со секира. Според вештачењето од Клиниката за психијатрија Ангелов во време на стореното дело бил непресметилв и имал параноја, поради која ја искривувал реалноста. Тие наложија, со што се сложи и обвинителката Бојанка Весова, дека е потребно Ангелов да биде сместен во психијатриска болница. На ова остро реагираше неговата поранешна сопруга, оштетената Светлана, за која беше несфатливо човек кој ја затворил и заклучул, ја попраскал со петролеј и удирал со секира , тоа да не го прави свесно.

\"\"

- Дејствијата кој Борислав ги вршел биле под влијание на болни идеи и со цел да издејствува за него потребна вистина. Тој има нелогични и налудничави идеи, резлутат на неговата параноја и трајно душевно заболување – објасни вештакот м-р Маргарита Наумова, клинички психолог. Судијата Танев наложи  на здравствената установа каде Ангелов ќе биде сместен, секоја година да поднесуваат извештај до Основниот суд за неговата состојба. Адвокатот на Ангелов, Гроздан Сутинов најави жалба на мерката која судот ја изрече, бидејќи смета дека неговиот клиент двете дела кои ги направил биле без намера, несвесно сторени, во непресметлива состојба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »