речник контакт

Болеста ,,африканската свињска чума,, се појави во комшии, ја мобилизираше агенцијата за храна и ветерина

Со биосигурносни мерки треба да се сочуваат животните но и да се овозможи од 2020-та Македонија да извезува свинско месо и свински преработки на пазарот на ЕУ

Петар Печков

Агенцијата за храна и ветеринарство  започна соа превентивни мерки за заштита од болеста ,,африканска  свињска чума,, која се појави во соседството. Болеста е регистрирана во  региони на Бугарија, Романија, Унгарија, а ја има и во Белорусија, Белорусија, Полска, Чешка,  во комерцијалните одгледувалишта а фактор на влез е човекот објаснуваат од Агенцијата.   

Појава на африканска свињска чума е сериозна закана за свињарството во Македонија,  против неа нема вакцина и затоа се важни биосигурносни мерки.  Тоа се сет активности и мерки  кои одгледувачот треба да ги преземе, за да ги заштити животните  или ако веќе инфективниот агенс влезе да го прекине ширењето надвор од одгледувалиштето.  Веќе е забранет влез на слабо термички обработени  сувомесни производи, и на свинско месо од држави и региони, каде болеста се појавила - изјави Зоран Атанасов директор на АХВ при денешната посета на  свињарската фарма ,,Агрософт,,  близу Велес.

Во Македонија има 90 евидентирани поголеми комерцијални свински одлгедувалишта,  а 77 од нив се категоризирани, кај кои биосигурносните мерки се применети.   Според надлежните воведувањето овие мерки не е трошок за фармите туку економската заштита, во однос на трошоците кои ќе се појават ако болеста се рашири и ги усмрти животните. Во заштитата од болеста  вклучени биле и ловните друштва  и царината. Ризикот од болеста бил  огромен. За десет дена ако  африканска свињска чума се појави во одгледувалиштето,сите свињи ќе умрат. 

Имаме сериозна потенцијална опасност со болеста  африканска свињска чума. Тоа се пренесува и преку дивите свињи и преку лица кои во домашни услови одгледуваат неколку свињи. Биосигурносните мерки се превентива да не заштитат да не дојде  болеста кај нас - рече    Аце Стојанов сопственик на фармата  ,,Агрософт,,.

Од  Агенцијата за храна и ветерина уверуваат дека со примена на биосигурносните мерки ќе биде можен    извоз на македонското свинско месо и преработки  на светскиот пазар, што било втора добивка од  нивното воведување.

Планираме до први јануари 2020-та да се прекине со вакцинација на класична свињска чума со што Македонија ќе може да извезува свежо свинско месо и живи свињи на пазарот на ЕУ.  Со овие стандарди ќе може да се освојат и пазари надвор од Македонија, оти се уште пласманот на свинското месо надвор од Македонија е забранет. Африканска свињска чума не е штетна по луѓето, туку само по животните  - кажа Атанасов директор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »