речник контакт

Болницата доби гастроскоп

Апаратот недостигаше на интерното оддление

Петар Печков

Велешкaта Болница набави гастроскоп. Тој е купен со сопствни средства и вреди околу 120 илјади денари. Со тоа се реши еден проблем за болните кои заради него мораа да се упатуваат на други  места за дијагностицирање, велат од Болницата.  Ваков апарат имале но четир години тој не бил во функција.

Директорот Граматов е задоволен и од опремата со која  што минатото лето беше опремана оваа институција а до крајот на 2011-та година на томографот биле извршени повеќе од 200 прегледи. Лани во Болницата имало и околу илјада операции а не се чекало на листа за некој оперативен зафат, освфен кај проблемите со жолчката. Пред нова година Болницата набави и 50-тина панел плочи со кој се загреваат болничките соби а деновиве завршија и градежните зафати од десното крило, по што се очекува во брзо време и тоа да биде предадено во употреба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »