речник контакт

Бонев, победи на трка со препреки во Баварија

Тој се натпреварува во еден нов спорт, на издржливост кој се повеќе зема замав во Европа

Петар Печков

Велешанецот Марјан Бонев, натпреварувач во трки на препреки  имаше успешен стартуваше на почетокот од натпреварувачката сезона. На трката Allgäuman 2016 во должина од 20  километри со 30 препреки, Марјан го освои првото место, меѓу 700 учесници,.

Трката се одржа во малото градче Фусен во Баварија -Германија. Се трчаше и преминуваа препреки главно на пресушениот дел од езерото Форген, на кејот на реката Лех и во самиот центар на градот. Патеката минувала   низ десетина километри во кал, преминувала  брзи реки, пливање под мрежа, носење вреќи по стрмнини нагоре-надоле.

Тоа  се само дел од препреките, но сепак најпредизвикувачка, која мал дел натпреварувачи ја поминале без користење на јаже, била преминувањето на 4,5 метри висока конструкција. Оваа трка е дел од низата на трки со препреки кои се во календарот на Бонев за оваа година. За него најпредизвикувачка и најтешка очекува  да биде  патеката на Европското првенство на трки со препреки кое ќе се одржи на 11-ти јуни во Холандија.

Бонев  е единствен Македонец кој  досега се  квалификуваше за учество на ова првенство, искрено се надева дека ќе биде биде поддржан од локалната власт, државните институции или успешните бизнис во достојно претставување на Македонија. Ова беше трета трка на Бонев во оваа година и втор подиум откако пред 2 седмици освои трето место на планинската трка Kopaonik SkyTrail во Србија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »