речник контакт

Борец на Градски елиминиран од Купот

Борец – Дрита 1:2 (0:0)

Петар Печков

Во дуелот на двете второлигашки екипи, гостите од Боговиње победија со 2:1 и го елиминираа домаќинот Борец од натамошните борби во најмасовното фудбалско натпреварување Купот.  Така за четири дена фудбалерите на Дрита два пати го победија велешки Борец, првиот пат во саботата во првенствен натпревар од  Втората лига. 

Стрелци на  головите беа  во два наврати Билбиловски за  Дрита во  53-та и    76-та минута додека Пановски  за Борец во 82-та минута.  Гостите од Боговиње двата гола  ги постигнаа од слободен удар преку прецизниот Билбиловски првиот во 53-тата кога од  ивицата на  шеснаесетникот топката удри во стативата и влезе во голот. Вториот од 20-тина метри откосо Билбиловски шутираше а домашниот голман топката  му мина низ нозете, поради лошата проценка од нерамниот терен.

По ова Борец имаше неколку сериозни шанси во  61-та три  удари за 30-тина секунди но сите непрецизни или  голманот одбрани, или  гостинските играчи ја блокираа топката како и во 71-та кога повторно гостинскиот голман одбрани силен шут отстрана. Борец намали во 82-та преку Пановски. Дел од илјадната публика разочарани го напуштија стадионот, поради слабата  игра на домаќинот. А лошиот терен беше нерамен и за Борец и за Дрита. 

Утре четврток на Градски се игра нов  дуел од 16 финалето на Купот. Во 17 часот  играат Работник од Лозово  и Шкендија од  Тетово, финалистот на Купот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »