речник контакт

Борец го елиминира Гостивар, следи Победа

Уште еден натпревар, викендов до влез во Прва лига

Петар Печков

Со победата на пенали, екипата на ФК Борец 1919 го елиминира  ривалот ФК Гостивар. Тоа беше првиот натпревар од баражот за пополнување на Првата лига, во кој играа двете второпласираните екипи од Вторите лиги Исток и Запад.

Заврши со 5:4 на пенали, откако во регуларните 90 минути се играше без голови 0:0. Решавачка беше одбраната на  голманот Ѓоргиевски кој во првиот обид го одбрани ударот од 11 метри на Адеми. Потоа сите беа прецизни а победата ја запечати Ѓорѓиев.

Така велешани слават а веќе викедндов на стадионот Младост во Струмица против Победа ќе се решава кој ќе оди во Прва лига, велешани или прилепчани.  Победа беше 8-ма од 10 екипи во Првата лига.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »