речник контакт

Борец го изненади Работнички

Велешани подобри дома со 23:20

Петар Печков

Во  натпревар од 14-тото коло на Супер лигата, велешки ГРК Борец (не)очекувано победи дома, во салата Гемиџии, против силниот скопски  Работнички, кој е четвртопласиран. Велешани славеа со 23:20, откако на полувремето резултатот беше 15:12 за Работнички.  

Бројните скапи ракометари на гостите водеа се до 45-тата минута, кога домаќинот израмни а потоа и поведе. Водство кое го сочува до крајот со максимални три гола предност 23:20.  Така скопјани за  вторите 30  минути постигнаа само 5 гола. 

Најмногу заслуги за овој резултат и победата има голманот Стојаноски кој  беше херојот на домашниот тим со 17 одбрани, 13 во вториот дел, најдобри стрелци беа Мачаваелов со 6 и Игнов со 5 голови. Василевски со 8 голови и Марсениќ со 4, беа најдобри во гостинскиот тим.

Со оваа победа и трите бода ГРК Борец се искачи на 6-тото место од 10 екипи во  Супер лигата со  16 бодови. Првенството продолжува  напролет, по што  ќе се формираат две  лиги. Борец ќе настапува во разигрувањето за опстанок, каде шесте екипи започнуваат од нула, досегашните резултати не се  важат. 

Управата е задоволна од постигнате резултати, оти велат со убедливо најмал буџет во лигата од 30 илајид евра, постиганат е одличен резултат. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »