речник контакт

Борец моќен дома , се искачи на второ место во Трета лига југ

Во градското дерби Превалец го победи Гемиџии

Петар Печков

Во 18-тото коло од Третата лига  Југ, две победи за велешките екипи, максимум што можеа да сторат, оти  во еден натпревар се играше градското дерби. 

Борец моќен, му даде дури девет голови на Питу Гули од Крушево, откако на полувреме водеше со 5:0.    Гостите кои се 11-ти не беа сериозен противник за разиграната машинерија на најстариот велешки лигаш. Тоа разлутуваше со високи и убедливи 9:0.  По нерешениот резултат на Победа Валандово дома со Кожуф во дербито, Борец сега е втор 41 бод, два повеќе од Победа а седум помалку од лидерот Кожуф.

Во градското дерби Превалец победи со 4.1 против подмладениот состав на Гемиџии иоако на полувреме беше нерешено 1:1.  Така Превалец е четврти со два бод апо0малку од Победа Валандово.  Гемиџии останаа на 6-то место со 26 бода. 

Во наредното коло Борец 1919  гостува Партизан во прилепско Обршани кој е седми со 23 бода, Превалец во Удово на Младост која е осма со 21 бод а Гемиџии игра дома со  Победа Валандово.

Во Втора лига се пласираат рпвите три екипи,  од есен таа ќе има две конкуренции Исток и Запад.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »