речник контакт

Борец подобар од Кожуф, во дербито на полусезоната ( фото галерија)

На Градскиот стадион, повторно како пред 15-тина години многу публика и одлична атмосфера а се играше натпревар од Третата лига југ

Петар Печков

Со голот на Петрушевски во 8-та минута фудбалерите на Борец ја победија екипата на Кожуф со 1:0.  Со ова велешани имаат предност од високи седум бодови пред најголемиот конкурент за влез во Втората лига, гевгелиски Кожуф. Во тврд натпревар без многу убавина, велешани со раното водство стигнаа до потребните три бода.  

За одбележување е одличната атмосфера на Градскиот стадион со повеќе од две илјади гледачи, навивачките групи кои спортски го бодреа нивниот миленик. И меѓу присутните многу гледачи од повозрасната публика кои се потсетија на ваквата атмосфера кога Борец беше во првата Македонска лига или во Третата лига Југ на поранешна Југославија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »