речник контакт

Борец со два гола на Македонија ЃП, се враќа со три бода од Скопје

ФК Македонија ЃП - ФК Борец 1919 0:2 (0:2). Втора победа за три дена.

Петар Печков

стадион во Ѓорче Петров

судија:  Грујоски Кичево 

стрелци  Радовиќ 17 и  Десниќ  25 за ФК Борец 

ФК Македонија ЃП:  Јовановски, Божиновски, Де Силва, Емини, Филиповски, Јашаровски, Китановски (ж), Личина, Ферњандино (ж), Тантуровски, Воша    играа и -  Блажевски, Петров

ФК Борец 1919: Георгиевски, Десниќ (ж), Гавриќ, Коцев, Прелчец, Радовиќ (ж), Ристовски (ж), Силва, Стојменовски, Трајановски  во игра влезе и  -Анастасов

Со раните голови  на новакот Радовиќ, во 17 и  Десниќ во 25 мин. велешки ФК Борец ја победи екипата на ФК Македонија ЃП  и  избега од фенерот на табелата од Првата лига.

Ова е прва победа  на гости  за ФК Борец во Првата лига ова сезона. Во 23-тото коло со двата брзи гола на почетокот од средбата ,го скрши домаќинот и дојде до трите бода, кои се мошне значајни во борбата за опстанок.Така велешани врзаа две победи по ред и шест бода за три дена.  

Во следното коло, фудбалерите на ФК Борец повторно гостуваат овој пат во Кратово кај ФК Силекс кој е втор на табелата и 12 кола не знае за пораз.

За одбележување што во борбата за опстанок РК Ренова пролетниот дел забележа четири последователни победи а ФК Работнички пет кола е без пораз, со едно реми и четири победи.  Така сега во борбата за опстанок е ФК Струга ТЛ која е последна со 25 бода  а пролетва нема победа и само едно реми. ФК Борец е деветти  со 27, ФК Работнички има 28 колку што има ФК Академија Пандев која пролетва има само едно реми и четири порази,  па ФК Македонија ЃП и ФК Шкупи со по 29 бода. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »