речник контакт

Босанец лажно регистрирал фирми во Македонија

странец со привремен престој во Република Македонија, нотар од Велес, раководителите на регионална регистрациона канцеларија во Велес и во Штип, заработија кривични пријави за економски криминал

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе Кривична пријава против лицата Е.К. (35) странец со привремен престој во Република Македонија, З.Ј. (50) од Велес- нотар за подрачје на Основен суд Велес, И.Б. (58) од Велес- раководител на регионална регистрациона канцеларија во Велес и О.М. (56) од Штип- раководител на регионална регистрациона канцеларија во Штип, поради основано сомнение дека првопријавениот сторил десет кривични дела „Фалсификување или уништување деловни книги“ , второпријавениот сторил кривично дело „Противзаконско посредување“ и трето и четвртопријавените сториле кривично дело „Несовесно работење во службата“ .

Првопријавениот Е.К. при превземањето на десет фирми- трговски друштва, дал лажна изјава дека не е управител на друга фирма чија сметка е веќе блокирана. Второпријавениот З.Ј. го поттикнал првопријавениот, односно искористувајќи ја својата положба како управител на книговодствено биро за консалтинг услуги, а подоцна како Нотар, незаконски посредувал помеѓу управителите на друштвата и првопријавениот, заради превземање на трговски друштва кои во моментот се со блокирани сметки на име на првопријавениот.

При тоа, му ја изготвувал целокупната документација за превземање и регистрирање на фирмите. Трето и четвртопријавените И.Б. и О.М., иако биле должни да го одбијат уписот на трговските друштва поради недостаток на изјави од претходните управители, му овозможиле на првопријавениот да стане единствен сопственик и управител на повеќе трговски друштва чии сметки се блокирани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »