речник контакт

Бране Паласков нов началник на СВР Велес

Ова доаѓа со именувањето на Техничката влада која треба да ги спроведе претседателските и парламентари избори во април/мај

Петар Печков

По предлог на Министерот за внатрешни работи  Панче Тошковски, а со согласност  со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денес се изврши именување на 15 нови раководни лица на позициите раководители и нивни заменици во МВР.

За СВР Велес нов началник  е поставен Бране Паласков  а за дополнителен заменик  началник досегашниот началник  Ристе Самарџиев.

Паласков досега беше на  позицијата Виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес. Тој е дипломиран економист и во СВР Велес  има десет годишен стаж. 

Основна цел на новиот началник, согласно Пржинскиот договор  е организирањето на мирни, фер и демократски избори.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »