речник контакт

Бранот на ,,смени,, го зафати и Велес

Сите три имиња кои се на листата на промени се директори на училишта и на ЈП, се избор на градоначалникот Петров

Петар Печков

Официјалната Македонска  информативна агенција МИА  во попладневните вести ја пласираше и следната која ја пренесувам во целост

,,Новиот бран на ВМРО-ДПМНЕ носи нови освежувања во општините каде што граѓаните ја имаат дадено довербата за управување на лицата од оваа партија.
Според извори на МИА, новиот бран навлезе и во општините и помеѓу локалните функционери избрани или именувани од општинските власти. Ќе биде внесена  нова енергија на местото на шест раководители на општински сектори кои покриваат определени области, кои на ниво на општина имаат улога на еден вид локални министерства.

Освежување ќе има и во Велес. Директорот на Основното училиште „Блаже Конески“, Андон Николов и директорот на основното училиште „Стојан Буридан“, Златко Јаневски, ги ослободуваат местата кои се очекува да бидат пополнети со нови кадри. По заминувањето на директорот на јавното комунално претпријатие Дервен - Велес, Сашко Крстевски, велешката локална власт ќе распише оглас за ново раководно лице.

За позициите кои се испразнети во најбрзо време, согласно законските норми и процедури, се очекува да бидат распишани огласи за конкурирање, на кои што секој заинтересиран граѓанин ќе може да се кандидира и да биде претендент за извршување на раководните позиции. Врз основа на огласите и конкурсите, локалните власти ќе треба да изберат нови раководни лица,,

Сите три имиња  беа функционери по избор на градоначалникот Петров и беа присутни во четвртокот на потпишувањето на документот на разбирање помеѓу Велес и Вараждин а во петокот на средбата на стопанствениците беше и директорот на ЈКП Дервен Крстевски.

За ,,новиот бран,, од  ВМРО-ДПМНЕ велат:
Освежувањата се направени врз база на детални и сеопфатни анализи на спроведувањето на програмските определби и проектите кои беа ветени на граѓаните, како и темпото за нивно спроведување од страна на раководните лица. Јавноста преку истражување на јавното мислење беше вклучена како битен сегмент во креирањето на стратегијата. Ние благодариме за досегашниот продонес на лицата кои ги напуштаат функциите, а соработката постои и продолжува на различно ниво.

Постојат моменти кога определено лице треба да собере нова енергија за да продолжи со интензивната работа, а некаде има потреба и од ротации за засилување на капацитетите. Во ВМРО-ДПМНЕ има место за секој оној кој има волја, знаење, ентузијазам и кредибилитет да придонесе во реформите и модернизацијата и кој со своето однесување не ги прекршил принципите на отвореност, чесност, законитост и блискост со граѓаните кои се основен ориентир во нашето делување.

Досегашните раководители ако се чувствуваат дел од ова продолжуваат да се битни и за партискиот и за интересот на општината. Очекуваме новите кадри кои ќе ги пополнат функциите кои се испразнети да вложат силна енергија и нова свежина и квалитет во исполнувањето на ветувањата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »