речник контакт

Брат и сестра близнаци од Крушево тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Поради тежината на повредите, двете млади лица итно се префрлени на Ургентен центар во Скопје

Петар Печков

Брат и сестра близнаци од Крушево се тешко повредени во сообраќајка, која попладнево околу 17,34. се случи во близина на Градско.  Е.К.  и Н.К. на 22 год се повредени откако нивниот автомобил излетал од коловозот.

„По примен повик, екипа на Итната служба беше на лице место, згрижи две лица повредени  во истата, ја даде неопходната помош и ги транспортираше до Ургентиот центар во велешка болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службаа за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„Девојка и момче на 22 годишна возраст се примени околу 18 ч во ургентна единица, укажана мeдицинска помош, по што се упатени на радиодијагносика. Напрaвена  компјутерска томографија на цело тело. Констатирани тешки телесни повреди и итно испратени во Ургентен центар Скопје“ – соопшти Марина Андова, портпарол на Општа Болница Велес.

Од СВР Велес денес, сабота информираа дека автомобилот бил марка „фиат“  со скопски регистарски таблички, кој од автопатот  Велес - Градско, кај село Виничани,  излетал околу 17,10ч.  

 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »