речник контакт

Брачна расправија на поранешни сопружници, сопругата без пари и документи

Бившиот маж ја нападнал сопругата во разбојнички чин, како на филм на излезот од Велес

Петар Печков

Во саботата вечер во  21,00 часот во Велес, на крстосницата „Штипска Петља“, Ц.Д. (поранешен сопруг) извршил разбојништво над Ц.С.(1963) од Велес и П.Љ.(1951) од Скопје, информираше СВР Велес. 

При нападот  на поранешната сопруга и одзел чанта во која имало три телефони, паричник со 4 илјади  денари, 200 евра и други документи.   Според полицијата додека се движеле со автомобил „Мерцедес„ со скопски регистарски ознаки, Ц.Д. им го попречил патот со неговото „Пежо“, излегол од возилото и физички го нападнал П.Љ. удирајќи го со тупаници во пределот на лицето.

Потоа од возилото излегла бившата му сопруга  Ц.С. на која со употреба на сила и ја одзел чантата и со истата ја удрил во пределот на лицето неколку пати, а потоа ја удрил со тупаница во пределот на главата. По настанот, се оддалечил во непознат правец. СВР- Велес превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »