речник контакт

Брзи тестови за ковид-19 и во Велес

Досега брзи тестови се достапани за граѓаните на Скопје, Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, Кичево, Кочани, Кавадарци, Куманово, Битола и Делчево

Петар Печков


Од средата започнаа брзите тестирање за корона вирусот и во Велес, кое се одвива преку Здравствениот дом.  Закажувањето, е преку  матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на ковид-19, не повеќе од 5 дена. Тестирањето се врши во просториите на некогашното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, истата локација каде се врши и тестирање од страна на Центарот за јавно здравје.

Тестирањето е во терминот од 11 до 14 часот, има на располагање 40 термини преку „Мој термин“  и е бесплатно за граѓаните. Тестот се работи во различни простории од тие што ги користи Центарот за јавно здравје - изјави Николче Димовски, директор на Здравствен дом Велес.

Брзи тестови досега се работеа во Скопје, од  минатата седмица  во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.

Од средата започна тестирањето со брзи антигенски тестови во Општите болници во Кочани и Кавадарци, Здравствените домови во Куманово а од вчера, четврток со брзи тестови почнуваат и Здравствените домови во Битола и Делчево.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »