речник контакт

Брзите возачи на ул. Борис Трајковски, локалната власт ќе ги успорува со издигната крстосница, не со „легнати полицајци“

Направи за смирување на сообраќајот биле поставени на улците во непосредна близина на ОУ „Васил Главинов“ „Христо Татарчев“ „Никола Карев“, како и на „Тодор Христов – Офицерчето“, „Љубљанска“, „Јордан Х.К.Џинот“. Деновиве се поставува и на улица „Вардарска“.

Петар Печков

Велешани реагираат, дека на улицата „Борис Трајковски“  треба да се постават т.н. „легнати полицајци“, бидејќи но неа брзо се вози. На оваа улица во саботата вечер се случи сообраќајна несреќа, кога 11 годишно девојче смртно настрада минувајќи на пешачки премин, заедно со родителите.

„Доста е од тиранија на насилните млади шофери, кои на оваа улица, лудуваат. Тие знаат кога има одмор од часови и пред децата од школо, кои купуваат храна,  како фазани се покажуваат. Возат брзо, дрифтуваат. Релацијата им е од доле кај крстосницата кај Маслодајна до споменикот на Бауман. И се вртат во круг, да бидат видени, недокажани и незрели  млади „мангупи“. Пред една недела од оваа сообраќајка, имаше друга кога повозрасен маж беше удрен од автомобил“  - вели сосед од блиската зграда.

Тој додава дека тоа се случува и во вечерните часови, кога во соседството, во  паркот од училиштето „Васил Главинов’, се собираат млади а возачите повторно ја покажуваат нивната умешност, возејќи брзо. Од локалната власт велат дека е изготвен проект, но тој не предвидува поставување на т.н. легнати полицајци.

„На улицата „Борис Трајковски“, предвидено е издигнување на цела крстосница, што ќе има поголем ефект од лежечки полицаец со оглед на тоа дека целата крстосница ќе биде зона на смирен сообраќај. Согласно овој сообраќаен проект во планот за јавни набавки за 2023 година е предвидено да се изготви и градежен проект, а по завршување на сите административни процедури ќе може да се премине во изведба“- соопштија од Општина Велес.

Потенцираат дека по  договор склучен помеѓу Општина Велес и „Виа сигнал“ ДООЕЛ Скопје во септември годинава, поставена била сообраќајна опрема, сообраќајна сигнализација, вертикална и хоризонтална, направи за смирување на сообраќајот и  на дел од соседните  улици „Христо Татарчев“ и „Никола Карев“, во непосредна близина на ОУ „Васил Главинов“,  како и на „Тодор Христов – Офицерчето“, „Љубљанска“, „Јордан Х.К.Џинот“. Деновиве  се поставува и на улица  „Вардарска“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »