речник контакт

Британски скаути во посета на Велес

Петмина скаути од Велика Британија беа гости на извидниците од одредот Димитар Влахов од Велес

Петар Печков

Во рамките на проектот “Destination … Adventure“ патрола од петмина скаути од Кралството Велика Британија во состав Мајкл Ролинсон и Ема Хамбелтон од  Манчестер, Киеран Башам и Крис Крек од Виндсор и  Лаура Еванс од Ливерпул   беа гости на извидниците од извидничкиот одред “Димитар Влахов“. 

Нашите петмина пријатели скаути од Кралството ќе бидат присутни во Република Македонија десетина дена со специјална задача да ја запознаат и истражат нашата Република. Имаат задача да ги запознаат сите историски и културни знаменитости . Како најстара младинска организација во Македонија, споименатата патрола од Велика Британија искажа голем интерес за посета на нашиот град Велес и посета на извидничката организација од градот.

Гостите го запознаа градот Велес, историските знаменитости како што е црквата “Св.Пантелејмон“, куќата на Касапови, куќата на нашите сограѓани и преродбеници Васил Главинов, Кочо Рацин и ЈХК – Џинот и манастирот “Св. Димитрија“ и парклисот “Св. Петка“.

Во вечерните часови нашите британски гости ги посетиа велешките пабови и се запознаа со ноќниот живот во Велес.
Нашите гости кои доаѓаат од државата каде се роди и создаде скаутизмот, беа доста изненадени од сето она што го видоа во велешката извидничка организација, беа задоволни  од с поддршката која што ја добиваме од локалната самоуправа во делот на канцелариски простор и финасиска поддршка која што ја дава општината Велес.

Во разговорите кои беа водени со старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, Ангелче Гушев, британските скаути се обврзаа и договорија посета на наши велешки извидници во Британија и обезбедување на помош во опрема од скаутите од Кралството Британија.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »