речник контакт

Британскиот студент блиску до $1 000 000

Кога на 21 годишниот Британски студент Alex Tew му требаа пари за школарина, дојде до идеја која сите би ја сметале за откачена: да подигнеш $1 000 000 преку продавање на 1 милион пиксели рекламен простор од неговата веб страна и тоа $1 за секој пиксел.

Никола Солев

Кога на 21 годишниот Британски студент Alex Tew му требаа пари за школарина, дојде до идеја која сите би ја сметале за откачена: да подигнеш $1 000 000 преку продавање на 1 милион пиксели рекламен простор од неговата веб страна и тоа $1 за секој пиксел. Tew започна во Август со убедување на неговите пријатели и роднини да купат блок од 100 пиксели од неговата страна, The [url=www.milliondollarhomepage.net/]Million Dollar Homepage[/url], но за неколку недели бил претрупан со нарачки и морал да побара помош. Страната на Tew сега е близу до постигнување на $1 000 000, со продадени 999 000 пиксели, а останатите пиксели од рекламирање би требало да се продадат брзо на Ebay. Во моментот највисока понуда за преостанатите 1 000 пиксели е $140300. Иронично, сега кога Tew е блиску до остварувањето на неговата идеја, тој одлучи да го одложи неговото студирање. Откако ќе се продадат и последните пиксели, тоа ќе значи крај на проектот. Клиентите нема да можат да ги препродаваат своите пиксели со рекламен простор. Страната ќе се одржува online најмалку 5 години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »