речник контакт

Бронзен медал за младиот Солев во Њујорк

Шеснаесет годишниот велешанец ги убеди светските стручњаци дека депонијата со згура кај топилницата е корисна и употреблива

Петар Печков

Младиот велешанец Александар Солев се врати со бронзен медал од саемот GENIUS кој се одржи   во Њујорк САД. Таму шеснаесет годишниот средношколец со неговиот труд од областа на заштитата на животната средина доби меѓународно признание. На овој престижен саем, на млади генијалци од целиот свет учествувале повеќе од 200 средношколци  од педесетина држави. Судиите на ова научно натпреварување покажале голем интерес за трудот на Александар „Алхемијата е оживеана,,  и шестмина од нив по десетина минути го прашувале за пронајдокот.

Тамошните судии  беа вистински заинтригирани за мојот труд. Од неколку од нив добив прашање дали веќе се работи на спроведување на мојот пронајдок, меѓутоа беа оставени без коментар кога мојот одговор беше одречен.   Откако го разгледаа проектот ми дадоа стручни совети од кои аспекти може понатаму да се развива  - вели Александар Солев.

Но не само судиите, туку и посетителите на саемот GENIUS, доаѓале го разгледувале неговиот проект и сите поставувале исто прашање, дали некоја институција или некој поединец пројавил интерес за него, а откако ќе добиле одговор ,,не,, се чуделе. Ова е втор бронзен медал што Александар го добива за овој негов пронајдок, пред Њујорк иста таква награда доби и во Хјустон САД. Откако завршило натпреварувањето сите учесници биле однесени на екскурзија на Нијагарините Водопади, а откако заврши доделувањето на наградите и во Вашингтон како и во Њујорк. По враќањето до САД и вториот освоен медал, Александар се надева дека неговиот проект ќе предизвика интерес.

Можноста за корисно искористување на згурата повторно беше препознаена, и овој пет во странство, во САД. Се надевам дека некој од надлежните органи во нашата земја ќе биде заинтересиран и ќе ми овозможи да го доведам проектот до едно уште повисоко научно ниво – вели младиот научник Солев, кој е ученик во третата година во гимназијата ,,Јахја Кемал,,.

Патувањето во САД како и претходното му било овозможено од неговите родители. Освен него медал   на  GENIUS  добил и друг Македонец, кавадарчанец за  краток филм.  Солев бронзениот медал го доби за проектот „Алхемијата е оживеана``  за искористување на депонијата со згура тешка 1,7 милион тони, лоцирана до велешката Топилница.  Според  неговите истражување таа  е употреблива и корисна за две работи, за пречистување на водата и за одгледување на одредени култури. Со првиот проект ја искористил згурата како замена за хумус. Плодовите кои биле добиени ги задоволувале стандардите за здраво растение, кое може да се користи во исхраната. Со вториот проект  со  користење на згурата од топилницата, количеството на тешките метали во загадената вода се намалиле за  99 отсто.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »