речник контакт

Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко се искачи на 295

Денес петок има 21 ново заразен и 11 оздравени

Петар Печков

Билтенот на Институтот за јавно здравје на Македонија,  за денес, петок, соопшти дека  во велешко има 21  ново заразен  позитивен на ковид-19 и единаесет оздравени  пациенти.   Со тоа активни се 295  случаи  а досега се заразени 3.692 лица.  

Во велешко од последиците на корона вирусот досега починале 116 лица. 

И денес петок, висок број на хоспитализирани во велешка Болница, позитивни или сомнителни на ковид-19.  На лекување се   47 пациенти, од  вкупниот број  40 се сместени на Инфективно одделение и седум се  на Интерно.

Од  лежечките пациенти  36 се потврдено позитивни,  двајца  се  сомнителни и девет  лица   се со негативен тест но задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се 16  пациенти. Испишани се шест  пациенти како оздравени со еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »